ЕУ ја стокми црната листа за Фамилијата

by Фокус

Петер Ван Хауте, поранешен посредник во преговорите меѓу власта и опозицијата е секогаш расположен за разговор со новинарите. Човекот од шумата, како што може послободно да се преведе неговото презиме Ван Хауте од холандски (фламански) или „шумарот“, како што со политичка симболика би рекле ние, е роден и живее во фламанскиот дел од Белгија, во градот Генк.

Четири години бил член на белгискиот парламент од Зелената партија.

Ван Хауте студирал филозофија, а почнал да работи како новинар во сатиричен неделник на холандски јазик, сличен на францускиот Шарли Ебдо, но не толку остар. По пропаѓањето на сатиричниот весник, работел за повеќе политички неделници, а еден од нив по името „Нивен“, или „нов“ подоцна бил преземен од лидер на десничарска партија која се борела за независност на фламанскиот дел од Белгија. „Газдата рече, јас обезбедувам пари за неделникот и сакам мојот глас да се чуе во уредувачката политика. Целиот уредувачки тим го напуштивме весникот“, вели тој.

Потоа работел како независен новинар за повеќе весници во Белгија и во странство. На третиот канал на Белгиското радио, кој емитувал програма на фламански јазик и класична музика, Ван Хауте водел долги дебати и дискусии со професори и интелектуалци на различни теми – за вештачка интелигенција, за ИТ прашања, за нуклеарна енергија, за животната средина, за климатските промени – понекогаш и за политика. (слично како и нашиот Хорхе на Македонското радио). Истовремено, станал гласноговорник на фламанското движење за заштита на животната средина.

Ван Хауте има шеесет години. Изминатите деценија – две работи како консултант за засилување на улогата на парламентот (parliamentary empowerment) во демократските општества, а многу често бил и посредник во политички и воени конфликти.

Долго време посредуваше во преговорите за разрешување на политичката криза во Македонија откако ВМРО-ДПМНЕ не го прогласи за „турист“. Сега е повторно на релација Брисел – Скопје, а ќе биде ангажиран во нов проект во Македонија. Има намера да пишува книга за нашиот преговарачки процес. Пикантните детаљи љубоморно ги чува за себе.

Разговараше
Зоран ДИМИТРОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”