Државен специјализант ќе врати 120.000 евра, ако предвреме го напушти јавното здравство!?

by Фокус

Во јавниот здравствен сектор постојат две групи лекари и медицински сестри. Едните добиваат вработување по партиски клуч, додека другите мора да се иселат од државата затоа што или за нив нема работа, или, пак, работат за ниски плати во услови под секое човечко достоинство.

Дополнителен проблем претставуваат новите измени во Законот за здравствена заштита, според кои, ако лекар добие државна специјализација, која чини 12.000 евра, мора да потпише договор (бланко-меница), со кој е принуден да остане да работи во јавното здравство во наредните 15 години.

Ако, пак, од кои било причини си замине предвреме, тогаш меницата се активира и треба да ѝ врати на државата вртоглави 120.000 евра!

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”