Дојде судниот час, НИКОЛА!

by Фокус

Чуден е овој свет, Никола! А уште почудна е политиката. Во неа стекнуваш многу лажни пријатели, но уште повеќе вистински непријатели.

За тоа од неа, или треба навреме да излезеш, или навреме да умреш. Зошто токму кога мислиш дека си на врвот, недофатлив и моќен, тогаш почнуваш највртоглаво да паѓаш.

Власта тежи, таа е камен околу вратот. Што е поголема, тоа полесно те дави. Таа е јанѕа што те јаде и однатре и однадвор, ти го менува ликот, но и духот.

Погледни се во огледалото, Никола! Не верувам дека себеси ќе се препознаеш. Можеби на почетокот си мислел дека сето ова е некаква наивна игра, но ѓаволот ни ора ни копа, ами доаѓа по своето.

Долгот мора да се плати. Од главата си патиме. Те изеде сопственото его, алчноста за власт и за пари. Самиот себе си се порази: идејно, политички и морално.

Пишува
Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”