Додека го чекаме ураганот Никола аман Никола

by fokus

Ни се заканува библиска поплава, не од надојдени води и ветрови, туку од живи луѓе. Во земјава се очекува секој момент да стасаат над 200.000 муслимани, главно терористи и екстремисти. Македонскиот ураган се очекува да налета откај Егејско Море, некаде околу први октомври, кога на границата со Македонија, нашите комшии, од кај Лезбос ќе насочат неколку илјади страдалници од Сирија, Ирак, Авганистан и нешто од Африка.

Тоа ќе биде катастрофична глетка како изнамачени луѓе, дечиња и старци стојат пред високите бодликави жици на македонскиот концентрационен логор, во кој не сакаат да живеат ни Македонците, ни бегалците од војна, туку само тие што мораат и привилегираните, членовите и партнерите на фамилијата.

По локалните избори, надојдените води ќе се повлечат како ништо да не било, а Македонија ќе остане заринкана меѓу Шар Планина, Кожув и Беласица, како барката на дедо Ное на Арарат

Пишува
Ерол РИЗАОВ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”