Добрата опозиција е како добрата ракија – лута, јака и домашна!

by fokus

Лидерите на опозицијата и во Македонија и во Грција имаат речиси идентично презиме. Овдешниот е Мицкоски, а тамошниот е Мицотакис.

Друго заедничко немаат практично ништо. Оти во Грција рејтингот на опозицијата расне и моментално, според сите анкети, е поголем од оној на владејачката партија.

Додека во Македонија опозицискиот рејтинг е во слободен пад, и покрај сите грешки и будалштини на власта.

Разликата меѓу Мицкоски и Мицотакис е идентична на разликата меѓу некоја разредена со вода ракија, каква се служи во секоја сомнителна кафеана кон крајот на работното време, некаде при фајронтот кога гостите се толку пијани, што не можат да ја почувствуваат разликата, и, на пример, некое оригинално узо какво што се служи во најелитната таверна на Халкидики.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”