Џандарска проекција

by fokus

Со џандарска реторика за нештата како на аналфабетски курсаџии, предводникот на Организацијата му соопшти на народот дека „Македонија е непланирано брачно дете“ и затоа „Зоран Заев не отстапува од платформата на албанските партии, бидејќи е фатен жив во криминал“.

Со ист здив продолжи дека „тој сака да формира влада по секоја цена, тргувајќи со националните и државните интереси, да стане премиер за да може да изврши притисок врз судиите и да не одговара за криминал и корупција“.

Пледоајето од интервјуто го заврши со фаталистичкото претскажување дека „државата ќе ја нема ако народот не ја одбрани“, затоа „СДСМ нема да направи влада, народот на улица ќе ги исфрли пратениците“.

На крајот од интервјуто упати и „патриотска“ порака – предупредување „нека му ја мислат тие што одат против волјата на народот“.

Пишува
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”