Дали владата ќе дозволи „Макстил“ да го задушува Скопје?

by Фокус

Иако пред неколку дена пристигна информација дека фабриката „Макстил“ ќе прекине со работа на одредено време, сепак, според тврдењата на жителите во скопските населби, тоа не се случува.

Според нив, сега е позагадено од кога било. Тие веќе по третпат организираат протести со цел да се спречи загадувањето, тврдејќи дека, ако надлежните институции не преземат нешто, ќе ги радикализираат протестите.

Како што објаснуваат, нивниот живот и животот на нивните деца е во голема опасност од загадениот воздух, па се надеваат дека на владата здравјето на граѓаните ѝ е поважно од бизнисот и парите!

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”