Дали иселениците треба да имаат право на глас и зошто (па да) не?

by Фокус

Македонија е до толку политички исполаризирана што човек да игра тенис со ѕид, половина од луѓето – за ѕидот ќе навиваат. Ако споменатиот човек има мислење различно од она на власта, фановите на Никола Груевски фанатично ќе почнат да навиваат за ѕидот со кој фатил да игра тенис човекот.

Дури и кога ѕидот е потпорен, висок седум метри и зад него се крие парцела на Водно.

Антиквизацијата наспроти Словенството, рамниот данок наспроти прогресивното оданочување, барокот наспроти модернизмот, сѐ се тоа теми за кои ставовите на многумина им зависат, пред сѐ, од нивната политичка определба, а не од логиката. Од неодамна, во фокусот на јавноста влезе уште една од таквите, измислени за раздор, теми.

Додека се преговара за реформите во изборниот модел, Македонија пак се подели околу темата „Дали иселениците треба да гласаат на македонските избори“.

Како и обично, некои навиваат за нивниот човек, а други за нивниот ѕид. Бидејќи вистинска дебата за таа тема – сега засега – нема!

Аргументите „за“ и „контра“ не се спротивставуваат едни со други, често не се ни исклучуваат едни со други, па отсуствува реалниот дијалог, небаре се водат два паралелни монолози.

Пишува
Нено БОГДАН

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”