Болниот што за себе верува дека е единствениот здрав, за сите здрави верува дека токму тие се болните!

by Фокус

Ако си корумпиран партиски послушник на ВМРО-ДПМНЕ и уживател во бенефитите од неговото владеење, што има поприродно од тоа искрено да веруваш дека не е во тебе проблемот!

Дека не те мразат сите што ти протестираат под прозорец секој ден поради твојата корумпираност, туку дека ти си кутра жртва на светски заговор против идеалите на твојата партија, која стои на браникот на татковината против напливот на злите сили со мрачни сценарија и странските служби со сомнителни мотиви?

Зошто искрено да не поверуваш во тезите, кои не само што те прават невин за корупцијата на која си корисник, туку дури и те убедуваат дека си јунак што сите украдени пари, всушност, ги имаш чесно заслужено оти цврсто стоиш на браникот на нешто важно, значајно и свето, имено, татковината?

Пишува
Нено БОГДАН

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”