Бивши човеци

    Изразот „бивши луѓе“ е позајмен од поранешниот Советски Сојуз, каде со него болшевиците ги маркирале оние слоеви од населението кои го губеле општествениот и социјален статус по Октомвриската револуција.

    Во македонска варијанта, терминот „бивши човеци“ се однесува на широк круг различни професии, кои некогаш биле двигатели на државата и дел од основата на нејзиниот развој, политичката, економската и духовната елита, но денес не се есапат дека постоеле, сосема се заборавени од различни причини, вообичаено од идеолошки, но најмногу од завист, злоба и суета.

    Зависта, како еден од најголемите пороци, ги негира успесите на други и ги игнорира нивните способности и талент. Предизвикува фрустрации, пакост и осветољубивост, страв од подобрите и поспособните и аверзија кон нивните дела и достигнувања.

    Таквиот изопачен светоглед и мислење не може да се промени и се’ може да  се прости, ама успехот никогаш.

    Пишува
    Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ

    ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”