Бебињата ни умираат како да сме во Африка

by Фокус

Поминаа четири години, откако во 2010 година Македонија беше ставена на црната листа по смртност на новороденчиња.

Во тој период, само за една недела починаа три родилки, 20-годишна во тетовската болница, 32-годишна жена во прилепската болница и 31-годишна жена во гостиварската болница.

Жртви беа и нивните бебиња.

Таа критична 2010 година ја одбележа зголемената смртност на родилки и бебиња во повеќе родилишта низ земјава. Здравствените власти се потрудија да ги сокријат податоците, но под притисок на јавноста информациите излегоа на површина.

Во тој период, смртта на родилките и бебињата беше топ тема во државата, прва ударна вест во информативните блокови на телевизиите и на насловните страници на весниците.

Како најчеста причина за зголемена смртност на бебињата се наведуваат инфекциите, а бројките од болниците – колку доенчиња умираат на годишно ниво се чуваат како државна тајна

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”