Албанскиот јазик доби свој закон, реформите чекаат

by fokus

Според амандманот 5 на членот 7 од Уставот, усвоен како дел од Рамковниот договор, освен македонскиот, службен јазик на целата територија во Република Македонија е јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните, што значи – албанскиот јазик.

Па, сепак, донесувањето на законот за употреба на јазиците предизвика многу реакции во македонската научна, стручна и политичка јавност, дека е неуставен и дека може да доведе до нарушување на унитарниот карактер на државата. Претседателот Иванов ниту со вето не може да го спречи неговото спроведување.

Останува единствено можноста да биде оспорен пред Уставниот суд. Како и да е, впечаток е дека законот е повеќе дел од политички договор на владејачката коалиција, отколку вистински приоритет во овој миг, кога од Македонија сите очекуваат реформи во повеќе области

Пишува
Маја ВАСЕВА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”