Адвокатите во напад, нотарите во одбрана

by Фокус

Едно време беше привилегија да се стане адвокат. Угледна и почитувана професија, достижна само за малкумина. Тежок беше патот до адвокатската лиценца, а уште потежок до отворањето канцеларија.

Многу пот, нерви и време беа неопходни да се стигне до неколкумина клиенти, а камоли да имате редици во канцеларија. Популарноста се стекнуваше со труд и со знаење.

Денес е поинаку.

Десет месеци тлее конфликтот на адвокатите и нотарите. Првите сакаат законски измени за да стане задолжителен нивниот печат на секој документ пред да оди на заверка кај нотар, односно договорите да ги пишуваат и потврдуваат адвокатите.

Вторите, пак, во обидот препознаваат намера да им се земе дел од заработката. Извесна е победата на адвокатите затоа што судијата е на нивна страна.

Пишува
Љубиша АРСИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”