30.000 лажни лични карти за победа на избори!

by Фокус

На две тајни локации во Шуто Оризари и во Штип биле изработени повеќе десетици илјади фалсификувани лични карти, најверојатно за изборни цели, во текот на минатите избори.

Извори на „Фокус“ велат дека 30.000 лажни лични карти сѐ уште постојат и се соодветно складирани, а до нас доставија 105 примероци.

Најголемиот дел од личните карти со кои располагавме, а потоа ги предадовме во МВР, беа во парови, со ист лик, име и идентитет, но со различни адреси, што значи дека најверојатно биле издавани за да послужат за повеќекратно гласање.

Забележавме и случај на ист лик кој се наоѓа на шест лични карти, кој има три различни идентитети и матични броеви и шест различни адреси!

Нашите извори велат дека во печатењето фалсификувани лични карти била користена базата на податоци на МВР, а во тајниот проект учествувале и полициски функционери.

Скандалот ги зголемува сомневањата дека на минатите избори е направен голем изборен фалсификат и со него ќе се занимава новиот министер за внатрешни работи, а поради тоа што и во „бомбите“ се споменуваат лажни лични карти, специјалното обвинителство бездруго ќе мора да отвори истрага

Пишува
Љубиша АРСИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”