Фирмата на братот на Мукоски што на крвавиот четврток ги отвори собраниските врати под истрага за сомнителни тендери

by Fokus

Еден од случаите што ги објави владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција се однесува на сомнителни набавки во Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор од страна на фирмата „Атриум“.

Според документите од Централниот регистар, оваа фирма е во сопственост на Бобан Мукоски, брат на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, кој на крвавиот четврток ги отвори собраниските врати за да влезе толпата народ. Нејзината главна дејност е изградба на станбени и нестанбени згради.

Во овој случај, според Бошњаковски постојат индиции дека се користени дампинг цени за стоки и услуги за кои реално се знаело дека нема да бидат набавувани со цел оваа компанија да биде најдобро рангирана во тендерската постапка.

Поврзани новости