Финска ќе продолжи да ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ

by fokus

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска во Хелсинки оствари средба со неговиот фински колега, Тимо Соини.

На средбата Димитров му ги презентирал клучните реформски приоритети на новата Влада и нејзините активности за што побрзо отворање на европската перспектива на земјата.

Димитров го образложил и новиот конструктивен пристап кон надворешната политика, насочен кон враќање на нашите меѓународни пријатели и градење на односи на доверба со сите свои соседи и развој на опиплива регионална соработка.

Министерот Соини ја поздравил реформската определба на новата Влада, и истакнал дека Финска ќе продолжи да ги поддржува напорите на Република Македонија за враќање на европската перспектива и зачленување во Унијата.

Поврзани новости