Филмаџијата Јаковлевски со награда на Меѓународниот филмски фестивал во Сан Франциско

by fokus

Продуцентот и режисер, Виктор Јаковлевски освои награда од 10 илјади долари за документарецот „Brimstone & Glory“, снимен во САД, на Меѓународниот филмски фестивал во Сан Франциско и наградите „Голден Гејт“.

Според изјавата на жирито филмот бил „спектакуларен и висцерален, опасен и духовен. Овој документарец не пренесува во екстатичните ритуали на еден мексикански град”.

Шеесетиот Меѓународен филмски фестивал во Сан Франциско се одржа од 5-ти до 19-ти април и годинава додели речиси 40.000 долари во награди за нови и воспоставени филмаџии.

Цели 60 години овој фестивал ги поддржува режисерите и нивните проекти и помага во промоција на нивните проекти пред локалната и меѓународната публика преку препознацање на уникатните и иновативните филмови.

Според филмскиот магазин „Филммејкер“, Виктор Јаковлевски е роден во 1983 година во западен Берлин и има македонско потекло. Учел на германската Академија за филм и телевизија, но и бил дел од холивудската „машина“, бил и личен асистент на Џорџ Клуни, но и возел возила на филмови како „Hanna“. Сега работи на продуцирање и режирање филмови во Европа и САД.

Поврзани новости