Фетаи: Пресудата за Костовски мора да се укине

by fokus

Врховниот суд денеска ја заврши расправата по Барањето за укинување на пресудата за шестообвинетиот во случајот „Пуч“, Звонко Костовски, кое го поднесе Специјалното јавно обвинителство. Сепак, оттаму не откриваат кога ќе ја донесат одлуката.

СЈО, Барањето за заштита на законитоста го поднесе со образложение дека не може да издржува казна шестообвинет во предметот, кој е осуден како помагач на делото, а притоа да не одговараат наводните извршители, кои со повлекувањето на обвинението за „Пуч“, повеќе не се гонат кривично. Освен тоа, СЈО побара равизија на пресудата поради, како што наведуваат, контрадикторните факти во случаите „Пуч“ и „Таргет“.

Обвинителката Фатиме Фетаи, по излегувањето од судот изјави дека во случајот со спогодбата на Звонко Костовски, не постои кривично дело шпионажа, за кое тој е осуден. Фетаи рече дека не може некој да биде осуден за кражба, а да не се наведе што украл, ниту на кому му припаѓа предметот што бил украден.

Скопскиот Кривичен суд на 25 февруари 2015 година донесе пресуда за поранешниот вработен во УБК, Звонко Костовски, со образложение дека како службено лице во МВР од 2010 година неовластено ја користел опремата на МВР за следење на комуникациите и во неа внесувал телефонски броеви на политичари и други јавни личности. Костовски ја потпиша спогодбата со Јавното обвинителство и се согласи за издржување затворската казна од три години.

Поврзани новости