ФБИ нема да ја гони Хилари Клинтон

by fokus

Еден ден пред изборите, Американското федерално биро соопшти дека нема да покрене обвинение против претседателската кандидатка Хилари Клинтон.

Од ФБИ велат дека таа не сторила кривично дело кога користела приватен сервер за имејл пораките додека била државна секретарка. Во писмо до членовите на Конресот, директорот на Џејмс Коми, наведе дека агенцијата ја завршила анализата на мејловите и дека не пронашле докази што укажуваат на криминални потези.

На ова реагираше нејзиниот ривал Доналд Трамп, кој остро го критикуваше ФБИ .

Тој изјави дека Клинтон не ќе може да се извлече од одговорноста за, како што рече, „страшните злосторства, вклучувајќи го и бришењето на 33 илјади пораки по налог на Конгресот“.

-Таа е заштитена од лажиран систем. Јас долго време го велам тоа. Не можете да прегледате 650 илјади нови мејлови за осум дена – рече тој.

Инаку, изборите во САД ќе се одржат утре, а според последните истражувања Клинтон е во предност пред Трамп од само 5 проценти.

Поврзани новости