Фатиме Фетаи: Судот и одбраната биле договорени рочиштето да се одложи

by Fokus

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, која го застапува обвинението за насилствата во општина Центар од 2013 година денеска истакна дека очигледно постои договор меѓу судот и одбраната со единствена цел за одложување на рочиштето.

– На тоа упатува околноста што списите од предметот се наоѓаат во Апелациониот суд, а беа присутни сите обвинети што не се случило долг период. Иако побаравме објаснување за доставувањето на списите, не добивме одговор – истакна Фетаи.

Таа тврди дека СЈО работи и до крајот на неделата ќе ја известат јавноста до каде се постапките кои тие ги водат.

Поврзани новости