Фантомите се враќаат во Избирачкиот список

by fokus

Над 30 илјади гласачи кои беа избришани за предвремените парламентарни избори на 11 декември, ќе бидат вратени во Избирачкиот список за локалните избори.

Спорни беа гласачите коишто и по вкрстените и теренските проверки не можеа да се пронајдат дека постојат и такви имаше 30.447. ДИК неколку месеци вршеше проверка на спорните записи, а откако на јавните повици се одзваа само десетина илјади граѓаи, другите останаа како „фантомски”

Сега и тие ќе бидат дел од Избирачкиот список, бидејќи партиите се договориле, а Собранието изгласало, дека бришењето на спорните гласачи да важи само за изборите во декември  2016-та.

Поврзани новости