Европските посредници со заедничка изјава

by Фокус

Хан, Кукан, Ховит и Вајгл во својата реакција ја поздравија посветеноста на договорот од страна на четирите главни политички партии во Македонија, по, според нив, конструктивните преговори во Скопје на 14 и 15 јули.

„Овој договор се базира на договорот од 2-ри јуни и вклучува враќање во парламентот на СДСМ, организација на нова Влада што ќе ги подготвува изборите што ќе се одржат на 24 април 2016 година и за назначување на Специјален обвинител што ќе ги испита проблемите поврзани или кои произлегуваат од следењето на комуникациите. По неколкумесечен олеснуван дијалог, ние ја поздравуваме силната посветеност на политичките лидери за евро-атланската интеграција и европската перспектива. Ова е важен чекор во надминувањето на актуелната криза и кон решавање на клучните предизвици со кои се соочува земјата“, порачува европската четворка која дополнува:

„Ние сме подготвени да работиме со сите страни за да се обезбеди целосно спроведување на сите аспекти на овие обврски, вклучувајќи ги и препораките на Еврокомисијата за итна реформа на системски прашања од владеењето на правото. Европската комисија и Европскиот парламент ќе го следат внимателно спроведувањето на овој договор во наредните месеци. Ќе се разговара за напредокот, меѓу другото и на состанокот за Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) за што ќе се одржи во септември, со учество на сите партии-потписнички, како и на граѓанското општество“.

Поврзани новости