Премиерот Зоран Заев во неговото обраќање на состанокот на Самитот за Западен Балкан во Трст, Италија кажа дека е донесена одлуката да се изгради железничката пруга кон Бугарија, како дел од Коридорот 8.

-Железничното поврзување на Република Македонија со Република Бугарија е пример колку ние сериозно гледаме на оваа Агенда за поврзување во регионот. Одлуката веќе ја донесе нашиот меѓународен партнер ЕБОР, за изградбата на железничката пруга Куманово-Деве Баир, како дел од Коридорот 8, на барање на Македонија, рече Заев.

Вкупната инвестиција за железничката пруга е проценета на 152,3 милиони евра, а Европската унија ќе учествува во изградбата со грант од 70 милиони евра, што е речиси половина од трошоците.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.