ЕУ ќе презема сериозни акции за решавање на македонската криза

by Фокус

“Како ЕУ комесар и медијатори на Европскиот парламент, жалиме дека лидерската средба планирана за 22 април во Виена не може да се одржи. Целта на оваа средба беше да и се помогне на земјата да најде пат напред во примената на договорот од Пржино со учество на сите потписници на договорот.

Постојаните проблеми со владеењето на правото во Скопје, кои ги нарушуваат договорот, мораат без одлагање да бидат решени. Тоа се однесува пред се на неодамнешната амнестија на претседателот и чекорите што итно треба да се направат за подготовка на кредибилни избори кои ќе бидат признаени од меѓународната заедница.

Ние остануваме цврсто определени и стоиме на располагање за да им дадеме помош на партиите. Сепак, подвлекуваме дела одговорноста за демократски напредок и прогрес на евро-атланскиот пат лежи кај партиите во име на граѓаните на нивната сопствена земја. Сега е на нив ред да реализираат и да го дефинираат патот кој води напред.

Постојано повторуваме дека нарушувањето на договорот од Пржино ќе има сериозни последици за земјата. Длабоко жалиме поради ретроградните чекори кои ја туркаа земјата вон нејзините аспирации кон влез во Европската унија.

Поради отсуство на било каков прогрес, ние ќе мораме да констатираме понатамошни акции за да се реализираат јасните барања на Европскиот совет, Европската комисија и Европскиот парламент.

Исто така ги примаме на знаење изјавите и акциите на граѓанското општество во земјата и ја даваме нашата целосна поддршка за сите мирни напори за да се обезбеди плурализам и слобода на мислење, централни вредноси на сите европски демократии”.

Поврзани новости