ЕУ и САД бараат реформи во медиумите

by Фокус

Сите партии мора целосно да се ангажираат, да помогнат да се подготват кредибилни избори, порача еврокомесарот Јоханес Хан, по вчерашното го одложување на парламентарните избори за 5 јуни.

„Плус, тие да ги поттикнат реформските приоритети, вклучително и на медиумите“, напиша Хан на Твитер.

И амбасадорот на САД, Џес Бејли, нагласи дека реформите во медиумите не се клучни само за изборите, туку за целото општество.

– Реформите во медиумите остануваат многу важен дел не само од изборниот процес, туку се и една од приоритетните реформи што треба да се спроведат. Како медиумите и медиумската сфера ќе бидат оценети зависи од тоа како ќе ја извршат својата задача, како ќе ги покријат овие многу битни избори – рече тој.

Поврзани новости