ЕУ до македонските лидери – или попуштете или ќе следуваат санкции

by fokus

Реномираниот весник „Фајненшл Тајмс” пишувајќи за актуелните случувања во Македонија, предупредува дека ЕУ спрема санкции за македонските лидери кои ја блокираат новата влада.

-Македонските лидери ризикуваат санкции ако продолжат да ја блокираат новата влада и да провоцираат меѓуетнички конфликти, предупредуваат медијаторите на Европската Унија кои работат на надминувањето на кризата во Македонија, пишува „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на официјални извори од Брисел и на изјавите на Иво Вајгл за НОВА.

Како што пишува весникот, Ѓорге Иванов, претседателот на државата одбива да му го даде мандатот на лидерот на опозицијата Зоран Заев.

-Иванов во сојузништво со Никола Груевски, поранешниот премиер на Македонија го обвинуваат Заев дека сака да го поткопа суверенитетот на државата со тоа што на албанското малцинство му ветува поголеми права за употребата на јазикот. Вајгл во посета на Македонија како дел од ЕУ делегацијата која помага во надминување на кризата. Тој вели дека ако ситуацијата се влоши, можеби ќе се употребат поинакви инструменти или санкции, како на пример финансиската помош. Фокусот на оваа ситуација се дефинитивно се движи кон меѓуетнички проблем, изјави Вајгл за НОВА ТВ. Ова го потврдија и други официјални лица од Брисел, кои велат дека се размислува за санкции- пишува „Фајненшл тајмс“.

Поврзани новости