Запален мотор предизвика пожар во влез од зграда во Ново Лисиче

by fokus

Запален мотор паркиран на улицата „Асном“ во скопската населба Ново Лисиче денеска на пладне, предизвика пожар во влез од зграда.

Пожарот е изгаснат навреме и спречено е негово ширење на становите во зградата.

Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје интервенирала со три возила и шест пожарникари.

Материјалната штета се уште не е утврдена.

Поврзани новости