Заев: 10 милиони денари за спомен обележје на Тоше Проески од буџетот за 2018 година

by fokus

Премиерот, Зоран Заев, на денешната прес конференција најави дека со буџетот за следната година се обезбедени 10 милиони денари за реконструкција на Офицерскиот дом во Битола, и исто толку пари за спомен обележје на Тоше Проески во Крушево.

-Обезбедивме пари за економскиот раст, за развој на стопанството, за образованието, здравството, но и за културата. Буџетот е со развојна компонента, повеќе пари за граѓаните и стопанството, а помалку за непродуктивни трошоци – изјави Заев презентирајќи го предлог буџетот за следната година.

Владата на вчерашната седница го усвои буџетот и го достави до Собранието на разгледување и дебата.

 

Поврзани новости