Тимот во Министерство за финансии не одмарале за празниците поради еврообврзницата со најниска камата

by fokus

Задолжувањето со шестатата еврообврзница од половина милијарда евра е постигнато по историски најниска каматна стапка од 2,75 проценти, изјави денеска министерот за финансии, Драги Тевдовски. Тој денеска потсети дека претходните пет еврообврзници беа издадени со значително повисоки каматни стапки кои се движат меѓу 3,975% и 9,875%.

Тевдовски денеска им се заблагодари на вработените во Минситерството за финансии затоа што поради процесот на издавање на еврообврзницата, не ги празнувале божиќните празници.

Министерот за финансии соопшти дека парите ќе се користат за повисоки плати и инвестиции во образованието и здравството, за зголемување на средствата во одбрана, за поддршка на компаниите, за интензивирање на капиталните проекти, а ќе се враќаат и претходни долгови.

Тевдовски додаде дека кон крајот на месецот ќе се отплатат 95 милиони по основа на земен кредит. Тој дополни дека предвреме е вратена една третина од еврообврзницата од 270 милиони евра од 2015-та, која е со повисока каматна стапка.

Поврзани новости