Собранието денеска повторно ќе проработи

by fokus

Со две пленарни седници парламентот денеска повторно ќе проработи, по неколку недели пауза, откако амандманите на ВМРО-ДПМНЕ по Законот за јазици ја блокираа соработката на парламентарните групи.

Доколку биде обезбеден потребниот кворум, пратениците денеска ќе треба да гласаат за избор на потпретседатели на Собранието. За оваа функција се предложени Фросина Ременски, Горан Мисовски и Весел Мемеди. Претходиот обид за нивни избор пропадна, бидејќи опозицијата реагираше дека точката е ставена на дневен ред во последен момент без тие да бидат информирани.

На дневен ред се и предложените закони за дополнување на Законот за судовите и за изменување и дополнување на Законот за заштита на укажувачи, во второ читање.

Поврзани новости