Села останува во владината коалиција

by fokus

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села попладнево по состанокот на Централното собрание што се одржа во Гостивар изјави дека не ја напуштат владината коалиција и оти верува дека со премиерот Зоран Заев повторно ќе се сретнат околу условите за нивното останување во коалицијата.

Села посочи дека на состанокот не се разговарало за излегување од Владата и оти раководството на партијата ги разгледалo извештаите од локалните избори. На состанокот било разговарано и за подготовките за партискиот конгрес којшто ќе се одржи во март.

Поврзани новости