Разрешени тројца директори на јавни претпријатија под Град Скопје и поставени нови

by fokus

Поставени се нови директори во три јавни претпријатија кои се под надлежност на Град Скопје, потврдуваат од таму. Како што „Фокус“ претходно прогнозираше на местото на Игор Јанушев во Јавното сообраќајно претпријатие е поставен Кристијан Чушков, а на местото на Александар Атанасов во ЈП Водовод и канализација е поставен Душко Весковски.

Промена има и во ЈП Улици и патишта. На директорското место во ова претпријатие ќе седне Сенад Смаиловиќ.

Сите нови директори се кадри на СДСМ. Весковски е претседател на општинскиот комитет на СДСМ во Карпош, а по локалните избори стана претседател на Советот на општина Карпош. Во ЈСП ќе наследи нов систем за наплата на билети кој предизвика незадоволство кај граѓаните, иницијален план за гасификација на автобусите и допола реализиран проект за изградба на панорамско тркало, кој новата градска управа планира да го стопира.

Чушков беше дел од изборниот штаб на новиот градоначалник на Скопје. Во Водовод и канализација ќе наследи тешка финансиска состојба поради задолженоста на претпријатието со милионски кредит за изградба на барокната ротонда каде што е сместена администрацијата, проблем со водоснабдувањето и итна потребата за реконструкција и доизградба на канализационата мрежа.

Се уште не е познато кој ќе седне на директорските места во другите јавни претпријатија под надлежност на Градот.

Поврзани новости