Прифатени четири амандмани на ВМРО-ДПМНЕ за предлог-буџетот

Комисијата за финансирање и буџет на вчерашната седница за предлог-буџетот за 2018 година прифати четири амандмани на ВМРО-ДПМНЕ и два од пратениците на БЕСА. За време на вчерашната расправа која заврши околу 21 часот, беа разгледани околу 170 амандмани од вкупно 279, кои се предложени од ВМРО-ДПМНЕ и од Беса.

Комисијата ги прифати амандманите што се однесуваат на субвенции за печки на пелети, ТИР-зоната во Куманово, изградба на колекторски систем во Неготино, решавање на проблемот со депонијата во Струга, изградба на детски парк во Нерези, Општина Карпош.

Денеска продолжува амандманската расправа, а остануваат уште околу стотина амандмани кои треба да бидат разгледани.