Пеливанов: Постои можост од бегство доколку Џими Мицевски ја напушти државата

by fokus

Специјалниот јавен обвинител, Трајче Пеливанов, изјави дека не се издржани причините на обвинетиот во случајот „Транспортер“, Џими Мицевски, да се одложи следното рочиште по предметот поради закажана турнеја во Австралија на групата „Молик“ каде што Мицевски е фронтмен.

Како што изјави Пеливанов денеска пред судот, постои опасност од бегство доколку Мицевски ја напушти државата.

-Со оглед на видот и карактерот на кривичното дело и на моментот што токму тој има помагачки дејства во кривичното дело, сметаме дека судот не треба да донесе решение за раздвојување на постапката. Апсолутно постои можност за бегство и во тој случај ќе постапиме согласно одредбите од законот – рече Пеливанов.

Мицевски е музичар од Битола. Тој заедно со екс градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талевски, и дваесетина други, се товари за злоупотреба на службената положба како овластено лице на еден до превозниците кои вршеле превоз на ученици на територија на општината.

Поврзани новости