Низ Скопје вчера биле казнети 25 возачи за пречекорување на брзината и десет пешаци кои поминале вон обележан премин

by fokus

Само на територијата на Скопје во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција санкционирала дваесет и пет возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената и двајца возачи кои поминале на крстосница на црвено светло. Санкционирани биле и десет пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во изминатиот ден биле регистрирани 12 сообраќајки. Во 10 незгоди полесно биле повредени 13 лица, а во една била причинета материјална штета.

Од сообраќај биле исклучени осум возачи кои го управувале возилото пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и десет возила поради истечена важност на сообраќајната дозвола и едно возило кое било технички неисправно.

Затекнати биле 90 непрописно паркирани возила, а со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 80 возила.

Поврзани новости