Случајот со полицајката и пајакот ќе биде дел од интерпелацијата, ВМРО-ДПМНЕ со најмногу критики за Царевска

by fokus

Меѓу причините со кои преку поднесената интерпелација ВМРО-ДПМНЕ ќе бара оставка од Владата на Зоран Заев, е и нападот на полициска службеничка од функционер на ДУИ кај Бит пазар. Прво тематско прашање во подготвената интерепелација е отпуштањето на илјадници луѓе најчесто во локалната власт и јавните претпријатија, наместо ветената професионализација, пренесува „Сител“.

Најголем дел од интерпелацијата е со критики на економската и социјалната полтика, министерката Царевска е накритукуваниот министер, и се забележува за кратењето на социјални центри, потоа за непокачувањето на пензиите, скандалот со Домот за деца без родители.

На МВР ќе му се препише  и набавката на 45 возила од фирма која донирала во СДСМ.  Опозциската партија ќе обвинува и за партизација на судството.

„Македонија стана земја каде што политички и без никаква основа луѓе се држат во притвор и земја каде што политички се апсат пратеници од опозицијата без да се почитува Устав и закон… Советот за јавни обвинители стана партиски совет на СДСМ. Недозволиво е членови на политичка партија да ја оценуваат работата на сите обвинители“, стои во барањето за гласање недоверба.

Според најавите интерпелацијата во Собранието треба да биде доставена деновиве, а седницата на која ќе се гласа, ВМРО-ДПМНЕ очекува Талат Џафери да ја закаже во среда, веднаш по Велигденските празници.

Поврзани новости