ЛП апелира акциите на МВР низ локалите да станат редовна пракса низ целата држава

by fokus

Либералната партија ја поздрави масовната акција на МВР и надлежните органи во локалите во Скопје, спроведена овој викенд. Од таму апелираат акциите да продолжат со зголемен интензитет и да станат редовна пракса во иднина, не само во Скопје туку и во целата држава.

„Бараме ваквите акции да се спроведуваат без попустливост кон функцијата или социјалниот статус на прекршителот, со крајна цел едукација и имплементирање на европските цивилизациски навики во животот на македонските граѓани. Потсетуваме дека овие постапки треба да се спроведуваат само од надлежни институции согласно позитивните прописи“, велат од партијата.

Поврзани новости