„Ќе одиме на гости кај Ременска вечер, ќе има ли печење?“, како се договарал протестот пред домот на пратеничката

by fokus

Пратеничката на СДСМ, Фросина Ташевска Ременски, денеска ќе поднесе кривични пријави против учесниците на синоќешниот протест пред нејзиниот дом. Таа тврди дека демонстрантите се познати членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Ременски пријави ќе поднесе против советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош, Тони Јаревски и Сашо Лазаревски.

– Според моите сознанија, зад хулиганите пред мојот дом стои општискиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Карпош. Не знам дали може да зборуваме за протест, ова повеќе е самоволие на една група граѓани организирани политички кои се закануваат по сигурноста и безбедноста на моето семејство – изјави денеска Ременски во Собранието.

Ременски објави комуникација на социјалните мрежи преку која се договарал протест пред нејзината куќа.

„Ќе одиме на гости кај Ременска вечер, ќе има ли печење? Се надевам ќе направиме пеколна атмосфера“, стои во пораките.

Како што вели пратеничката од пораките се гледа дека се договара да се направат плакати „пратеник предавник“ и се наведува дека се очекува присуство од сите членови на општинскиот комитет.

Поврзани новости