Избувнал пожар во ќелија во охридскиот затвор

by fokus

Во една од собите во притворското одделение во охридскиот затвор завчера избувнал пожар. Како што велат од полицијата пожарот избувнал во 20.20 часот во соба во која бил сместен притворениот Л.М. од Куманово.

Се претпоставува дека 31-годишниот Л.М. со запалена цигара, запалил ќебиња и јоргани во просторијата каде бил сместен. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, како и од вработените во затворот, пожарот бил изгаснат.

 

Поврзани новости