Горан Трајановски избран за главен директор на Македонски Телеком

Горан Трајановски е избран за извршен член на Одборот на директори на Македонски Телеком. Тој ќе ја извршува функцијата главен оперативен директор на друштвото.

Трајановски е кадар на владејачката партија кој беше член на Комисијата за информатичко општество. Во одборот на Македонски Телеком се сели од МВР. Претходно министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го постави за помошник министер на одделот за информатика и телекомуникации.

Во одборот на Телеком влегоа и Сашо Велески,неизвршен член, Мирослав Вуиќ исто така неизвршен член, потоа Замир Мемети кој е неизвршен независен член на одборот и Дивна Јовковска – Ефтимоска за независен неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото.