Ферид Мухиќ во одбрана на пушењето: Забранете го задоволството и ќе имате фашизам

by fokus

Пратеникот на СДСМ, Ферид Мухиќ, застана во одбрана на измените во Законот за заштита од пушењето, на денешната дебата која се разви во Собранието, откако поголем број на пратеници се изјаснија дека нема да гласаат за измените.

Мухиќ рече дека ќе гласа затоа што, посочи, не постои научна каузална врска меѓу пушењето и болестите.

-Има статистичка врска, но гарантирано не е докажана каузална врска. Имајте предвид еден интересен факт, во 2010 година од десет најстари луѓе во светот сите биле пушачи, двајца од нив пушеле од нивната седма година. Настариот ветеран во светот, кој има 109 години, пушти од својата деветта година –рече тој.

Во поглед на економскиот ефект, тој рече дека отворениот дел од угостителските објекти се секогаш пополни од затворените делови.

-Општеството треба да почитува различни животни навики. Забраната за пушење е почеток на тоталитарна психологија. Дозволете да се забрани задоволството на посебни места и ќе го имате фашизмот – додаде Мухиќ.

Поврзани новости