Ѓорговска-Илиевска го намалила бројот на епизоди од серијата „Македонија“, а сумата ја зголемила за 62 отсто

by fokus

Поранешната директорка на Агенцијата за филм, Мими Ѓоргоска Илиевска, склучила анекс на основниот договор за финансирање на играната серија „Македонија“ во продукција на „Јадран филм“, со што ја зголемила цената на проектот за 62 отсто. Освен тоа со анексот бројот на епизоди кои продуцентите требало да ги испорачаат се намлил од 130 на 80.

Финансова полиција ја товари Ѓорговска-Илиевска за пречекорување на службените овластувања и денеска поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција.

Според директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, штетата предизвикана по буџетот на Република Македонија изнесува над еден милион евра.

-Осомничената склучила анекс договор со кој извршила промена на основниот договор за финасирање на проектот играна серија „Македонија“ во вредност од 238 милиони денари. Освен тоа го намалила бројот на епизоди од 130 на 80, а без при тоа да изврши намалување на цената, но ја зголемила вредноста на проектот за 62 проценти – изјави Муареми.

Поврзани новости