Фетаи: На обвинетите им се суди за насилство, а не за искршени прозорци

by fokus

За разлика од тврдењето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дека на него и останатите обвинети за насилство во Oпштина Центар им се суди само за неколку искршени прозорци, обвинителката Фатиме Фетаи, во изјава за медиумите потсети дека тие се обвинети за кривично дело насилство, за кое им се заканува казна затвор од шест месеци до пет години.

-Во обвинението точно е објаснето кој обвинет за кое дело се гони. Позитивно е што почнавме со изведување докази и што слушнавме сведоштво на првиот сведок – рече Фетаи.

По денешното директно испрашување од страна на обвинителот, на следното рочиште Андреј Жерновски ќе биде вкрстено испрашуван, и од страна на одбраната. Следното судење е закажанот за 18-ти декември.

Поврзани новости