Генералниот секретар на ДИК ги правдаше земените бонуси со многу непроспиени ноќи и стресна работа

by fokus

Генералниот секретар на ДИК, Добре Јанчев, ја оправда причината за исплата на високите надоместоци велејќи дека работата што ја извршува Комисијата е на ниво на мобилизација.

-Има две екстрмно тешки и напорни логистички операции во државата, првата е мобилизација, а втората се изборите. Овие надоместоци се за непроспиени ноќи, стресна работа, продолжена работа, работа во празници, поради процес кој не може да биде прекинат – рече Јанчев.

Членовите на Комисијата на крајот на седницата донесоа заклучок одлуката за доделување надоместоци да биде објавена на веб страна на ДИК, а секој поединечно да одлучи што ќе прави со земените средства.

Поврзани новости