Автобус на ЈСП прегази жена кај Бит-пазар

by fokus

Автобус на Јавното сообраќајно претпријатие со број 47 денеска во 12.10 часот удрил во жена пешак на булеварот „Крсте Мисирков“ во близина на Бит-пазар. Жената на возраст од 89 години починала на лице место, информираат од полицијата.

Екипа на Итна помош констатирала смрт врз жртвата. Нејзиниот идентитет се уште се утврдува.

Автобусот се движел во насока од Чаир кон Центар.

Поврзани новости