Ермира ги претрка Тевдоски и Самак

by fokus

Вчера во Скопје се одржа атлетската трка „Скопје трча 10к“ на која силите ги измерија не само голем број на докажани атлетичари, љубители на спортот и аматери, туку и познати политичари.

Експратеничката на ДУИ, Ермира Мехмети, министерот за финансии Драган Тевдовски, и поранешниот министер без ресор Веле Самак кој што беше задолжен за привлекување на странски инвестиции беа само дел од натпреварувачите кои учествуваа во трката.

Ермира Мехмети заврши со одличен пласман во женска конкуренција и го освои педесеттото место, со време од 57 минути, додека пак Тевдовски во машка конкуренција заврши педесет и шести, со време од 43 минути и 59 секунди.

Веле Самак, заврши на 301-во место, со време од 56 минути и 18 секунди.

Сите тројца се познати љубители на атлетиката.

Трката предизвика големо внимание, многу учесници и публика, и помина во весела атмосфера.

Организатор е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со А.К.Работнички и Атлетската федерација на Македонија.

Генерален покровител на СКОПЈЕ ТРЧА 10КМ е Агенција за Млади и спорт, помогната од партнери и спонзори. Оваа трка е влезена во календарот на Атлетската федерација на Македонија (АФМ) и Европската Атлетска Асоцијација (ЕАА), а од следната година предвидено е да стане член на Меѓународната асоцијација на маратони и улични трки (АИМС).

Вики Клинчарова

Поврзани новости