Ердоган апси и притвора новинари

by fokus

По неуспешниот воен пуч, турските власти прават „чистки” и на критичките новинари во земјата.

За повеќе од 40 новинари се издадени налози за апсење, а петмина веќе се во притвор, јави државната турска агенција Анадолу.

Меѓу новинарите за кои е издаден налог за апење е и истакнатата новинарка Назли Иличак, која известуваше за коруптивни скандали на министрите од владејачката партија АКП.

Инаку, во рамките на „бранот чистки“ во Турција досега се уапсени повеќе од 13.000 луѓе, кои се осомничени дека му давале поддршка на обидот за пуч.

Меѓу уапсените има припадници на армијата, полицајци и судии, а се апсат и професори, наставници и административци.

По налог на претседателот Ердоган се затворени и 1043 приватни училишта, 1229 здруженија или фондации, 19 синдикати и 35 здравствени установи.

Поврзани новости