ЕП: ВМРО-ДПМНЕ го попречува Собранието, Иванов е партизиран

by fokus

На вечерашната сесија на Европскиот парламент каде што тема беше Македонија и Резолуцијата за земјава беше испратена порака дека ВМРО-ДПМНЕ систематски го спречува Собранието да избере претседател, а претседателот Иванов е партизиран.

-Парламентот не може да биде формиран поради систематски опструкции на ВМРО-ДПМНЕ и однесувањето на претседателот Ѓорге Иванов. Неговото однесување беше критикувано од ЕУ, САД и НАТО. Позицијата на Иванов само ја открива неговата партизираност, рече Иво Вајгл во воведното обраќање на дебата за која се зборуваше за Резолуцијата на ЕП за Македонија.

Уште еднаш беше побарано од Иванов да ги почитува резултатите од изборите и да дозволи функционирање на демократијата.

Поврзани новости