Емил Димитриев ќе биде технички премиер?

by Фокус

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев, ќе биде новиот премиер, во стотте дена пред изборите, јавија повеќе медиуми. Неофицијално, одлуката Димитриев да дојде на местото на Груевски е донесена на седница на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а треба да биде потврдена од Централниот комитет на партијата.

Емил Димитриев дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје на Институтот за Социологија, а  Постдипломски студии исто така завршил на Филозофскиот Факултет во Скопје на Институтот за Социологија. Во 2011 година е избран за пратеник во Собранието на Македонија, а истата година повторно е предложен за заменик министер во Министерството за одбрана, функција што ја обавувувал од 2008 година.

Поврзани новости