ЕЛЕМ: Од осомничените за загадување на животната средина, само еден е актуелен функционер

by fokus
Акционерското друштво ЕЛЕМ соопшти дека се става на располагање на сите државни институции во интерес на истрагата, откако од Министерството за внатрешни работи соопштија дека се поднесени кривични пријави против пет лица и против ЕЛЕМ за загадување на животната средина.
Од ЕЛЕМ додаваат дека четворица од осомничените се поранешни функционери, додека само едно лице се води како актуелен раководител.
„Станува збор за раководител кој е на таа позиција подолго време и не е дел од новите назначувања кои се случија во комбинатот минатиот месец“, посочуваат од таму.
Во однос на делото за кое се однесуваат пријавите, од таму потенцираат дека новото раководство на АД ЕЛЕМ презема мерки во насока на заштита на животната
средина.
„Сите активности се во насока на производство на електрична енергија со
што помало влијание на околината. Во 2017г новото раководство почна постапка за набавка на опрема за стандардизирање на отпепелувањето, која ќе спречи
отпадната пепел да се шири во околината. За 2018г предвидени се средства за
набавка на електростатски филтри кои ќе спречат емисија на штетни материи во
воздухот“, додаваат од државната компанија.

Поврзани новости